Ментаваи – племето кое модерното општество сè уште не го допрело (галерија)

Сподели со своите пријатели

Овие фантастични фотографии го документираат секојдневниот живот на мажите, жените и децата од племето Ментаваи, кои успеале да го одржат својот традиционален начин на живот, далеку од модерното општество.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”298″]

 

Ментаваи е автохтоно население на Индонезија. Познати се по своите декоративни тетоважи о полу-донамдскиот начин на живот, а го населуваат островот Ментаваи на западот на Суматра.

Серијата воодушевувачки фотографии дава увид во животот на островот каде владее законот на семејството, а секој проблем може да го реши врачар.

Племето брои 46.000 луѓе кои живеат во куќи кои ги нарекуваат Умас, а градени се од бамбус, дрво и трава, а декорирани со черепи од животни кои ги ловеле.

Социјалниот живот на ментаваи се врти околи нивните кланови, а обично се состануваат во друштвен дом. клановите варираат по прашање на бројот на челновите, така да обично има од 30 до 80.

Ова племе верува дека секое живо суштество вклучувајќи ги и билките имаат душа.

Единствен кој има малку поголем углед е врачарот кој има задолжение да комуницира со душите и духовите. Него го повикуваат во случаи на несреќи или болести за да повторно воспостави хармонија во групата.

Еден од ретките среќници кои имале прилика да поминат некое време со нив е фотографот Мохамед Селех Бин Долах кој вели дека е пресреќен што имал прилика да ги запознае овие како што вели прекрасни луѓе. Тој мажите ги опишува како хереои, а за сите други вели дека се во суштина среќни луѓе.