Мелони: Италија работи на спроведување на договорот за заем од Г7 за Украина врз основа на руски средства

Сподели со своите пријатели

Италија работи на имплементација на договорот за заемот од Г7 за Украина, кој ќе се финансира од приходите остварени од инвестирањето на замрзнати руски средства во земјите-членки на ЕУ, изјави денеска италијанскиот премиер Џорџо Мелони.

Loading...

Таа пред Сенатот на италијанскиот парламент изјави дека постигнувањето договор за заемот е важен успех постигнат за време на италијанското претседавање со Г7, пренесе Ројтерс.

На годишниот самит на Г7 во јуни, што се одржа во Пуља на југот на Италија, земјите-членки постигнаа договор да и дадат заем на Украина што ќе се финансира со профитот од инвестирањето на замрзнатите руски средства.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски не сака преговори со Русија: „Сè уште не сме подготвени“

Состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел, на кој ќе се разговара за заемот за Украина, ќе се одржи од 17 до 18 октомври.