Мелони до земјите од Западен Балкан: Можете да сметате на Италија

Сподели со своите пријатели

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска во Тирана истакна дека земјите од ЕУ имаат голема одговорност кон земјите од Западен Балкан.

Loading...

Пред Самитот ЕУ-Западен Балкан, Мелони подвлече дека оваа одговорност стана уште поголема по руската агресија врз Украина.

– Важно е да ја зајакнеме процедурата за пристапување на тие земји во ЕУ. Мислам дека има прашања за кои треба да соработуваме од економијата до сајбер безбедноста и многу други, објасни таа.

Италија, нагласува Мелони, е посветена на приближување на Западен Балкан до ЕУ.

– Можете да сметате на Италија, заклучи таа.


ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ повикува на смирување на тензиите меѓу Израел и Палестинците