Мелони ѝ порача на Украина дека може да смета на неа

Сподели со своите пријатели

Италијанската националистичка политичарка Џорџа Мелони, која треба да стане нов премиер, вети целосна поддршка за Киев откако доби честитки од украинскиот претседател Володимир Зеленски за нејзината изборна победа.

Loading...

Италијанската крајнодесничарска партија „Браќата на Италија“, предводена од Мелони, освои 26 отсто од гласовите на неодамна одржаните избори, а нејзината десничарска коалиција има убедливо мнозинство во парламентот, покажаа изборните резултати.

Мелони треба да стане првата жена на чело на италијанската влада.

„Останете силни”

Во твитот доцна во вторникот, Зеленски рече дека се радува на „плодна соработка со новата влада“.

Мелони брзо одговори, велејќи дека може „да смета на лојална поддршка за слободата на украинскиот народ“. Останете силни и одржувајте ја вашата вера цврста“, напиша таа на англиски на Твитер.

 

Loading...

 

Мелони беше еден од ретките италијански политички лидери кои со цело срце ја поддржаа одлуката на премиерот во заминување Марио Драги да испорача оружје на Украина, иако таа беше во опозиција на неговата влада.

Спротивно на тоа, нејзините два политички сојузници, Лигата и Форца Италија, кои беа во коалицијата на Драги, беа многу порезервирани, што ги одразува нивните историски блиски врски со рускиот претседател Владимир Путин.

Нагласувајќи ја длабочината на тие врски, лидерот на партијата Форца Италија Силвио Берлускони минатата недела рече дека Путин бил „принуден“ да ја нападне Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.