Мексико: Во хеликоптерската несреќа едно лице загина, две критично

Сподели со своите пријатели

Во падот на хеликоптер на брегот на Луизијана во Мексиканскиот залив, едно лице загина, а двајца преживеани се во критична состојба.

Loading...

Несреќата се случила во средата вечерта јужно од градот Морган, јави Танјуг.

Екипажот на еден од чамците забележал двајца преживеани на сплавот и екипаж на хеликоптер на крајбрежната стража ги транспортирал од местото на несреќата.

Националниот одбор за безбедност на транспортот ги истражува причините за падот на хеликоптерот Bell 407, изјави портпаролката на одборот Сара Сулик.

Хеликоптерот и припаѓал на Westwind, компанија која ја опслужува офшор енергетската индустрија.