Мексико: 17 мигранти загинаа во сообраќајна несреќа

Сподели со своите пријатели

Најмалку 17 мигранти загинаа откако автобусот со кој патувале излетал од патот во централната мексиканска држава Пуебла, соопштија официјални лица, јавува Анадолија.

Loading...

„Сите загинати се мигранти, вклучително и некои од Венецуела, Колумбија и Централна Америка“, изјави Хулио Уерта, државниот секретар за внатрешни работи на Пуебла.

Хуерта рече дека несреќата се случила во неделата на автопат што води од јужната држава Оахака.

Патувале без соодветни документи

Како што рече, мигрантите патувале без соодветни документи и сите биле полнолетни.

Петнаесет од 45-те патници починале на местото на настанот, а уште двајца починале во болница.

Петмина од нив се хоспитализирани и се во критична состојба, а осум се здобиле со повреди кои не се опасни по живот.

Мигрантите често користат ризични рути низ Мексико на пат кон САД. Бидејќи често се товарат во небезбедни или нелегални транспортни средства, несреќите не се невообичаени.