Мексиканка најубава жена во светот: Изборот не можеше да помине без скандал (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Андреа Меза од Мексико е прогласена за најубава жена во светот за 2021 година откако минатогодишниот избор за Мис Универзум беше откажан поради пандемијата на коронавирус.

Loading...

Андреа има 26 години и по професија е софтверски инженер, и таа е трета Мексиканка во историјата што ја носи титулата најубава жена – нејзините претходници се Лупита Џонс и Химена Наварете.

– Живееме во општество кое напредува час по час. Како што напредуваме како општество, така гледаме и напредок во стереотипите. Денес, убавината е повеќе од изглед. Ако ме прашате, убавината се рефлектира во духот, во срцето и во начинот на однесување. Никогаш не дозволувајте некој да ви каже дека не вредите – рече Андреа.

 

 

Мисица ја коментираше и состојбата со пандемијата.

– Сметам дека сите ќе направевме многу подобро на глобално ниво, ако сите земји ги затвореа своите граници на почетокот. Ние не го сторивме тоа и многу животи беа изгубени.

Loading...

Секако, како и секогаш за време на вакви натпревари, се појавија полемики, па публиката е во голема мера убедена дека „Перу бил оштетен“ и дека нивниот претставник требало да ја земе титулата.

„Таа не ја заслужи круната“, „Имаше и поубави“, велат на социјалните мрежи, додека следбениците на Андреа воопшто не се согласуваат со тоа.

 

Leave a Reply