Како знак на добра волја кон САД, претседателот на Северна Кореја Ким Џонг Ун би можел да дозволи влез на Мекдоналдс во земјата, наведува „The Washington Post“.
Знаците на таква можност кога тензиите попушаат уште во април ги дал советникот од Северна Кореја, Чанг Ин Мун. На Мекдоналдс веќе долго гледа како на симбол на западна култура и капитализам, особено во комунистичките земји.
– Ова се случи во бројни и различни комунистички земји. Еднаш кога ќе остварат поинаков контакт со Западот, нивниот поглед се менува, а тоа обично започнува со Мекдоналдс или Кока-Кола, рекол Џени Таун, истражувач во Стмсон центарот.
Loading...
Од своето основање, како што наведува весникот, Мекдоналдс не бил само ресторан за брза храна, туку и силен симбол на глобализацијата. Моментално опслужува 120 земји и има 37.241 ресторан слични еден со друг.
За Ким Џонг Ун се верува дека сака бургери, бидејќи во 2011. година според известувањето на јужнокорејските весници, за него редовно пристигнувале производите на оваа компанија од Кина. Голем љубител на брзата храна е и американскиот претседател Доналд Трамп.
Повикувајќи се на NBC, весникот наведува дека Ким се надева дека франшизата на Мекдоналдс ќе биде отворена во Пјонгјанг за да таков вид на храна обезбеди за идните билатерални конференции.
Но, Кејла Орга, аналитичарка во Вилсон центарот, наведува дека не може да замисли да се случи такво нешто.
– Многу веројатно американскиот тип на ресторани за брза храна во Северна Кореја ќе го видиме како триумф на култура дипломатија. Но се уште сме далеку од тој ден, рекла таа.