16.07.2019 10:09

Меѓународниот фолклорен фестивал наместо на плоштад, вечерва во „Трајко Прокопиев“

Facebook Twitter Google+

Во Куманово денеска започнува тридневниот фолклорен фестивал, кој требаше да се одржи на градскиот плоштад со почеток во 19:30 часот, но поради временските услови истиот ќе се одржи во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Како што информираат од Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово, доколку дозволат временските услови претходно ќе се одржи дефилето низ улиците во градот, а влезот во Центарот за култура ќе биде слободен за сите граѓани.

loading...

Гостите од Колумбија, Србија, БиХ и Бугарија веќе пристигнуваат и од вечерва во следните три дена ќе ги претстават своите култура, традиција и фолклор пред кумановци.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments