Меѓународниот ден на мирот денеска беше одбележан во просториите на Домот за стари лица „Зафир Сајто“ заедно во соработка со Општина Куманово и градинката „Ангел Шајче“.

Настнот беше спој на најмладите и највозрасните жители на градот кои заедно испратија апел за мир, а симболично во дворот на установата беа пуштени и галеби.

– Особено е важно да се сфати значењето на мирот, особено за Куманово, Македонија, за балканските простори, врската помеѓу младите и старите лица кои се сместени тука е многу важна и е симболична за еден ваков ден и затоа уште еднаш особено ми е важно и чест што еден ваков настан се одржа во нашата установа и старите луѓе имаа чест да присуствуваат и на некој начин и тие дале некој придонес за мирот за кој сега го уживаме како таков, изјави директорот Дејан Стојановски.

Меѓународниот ден на мирот се одбележува од 1981 година на 21ви септември, а токму Куманово е член на интернационалната Асоцијација на градови носители на пораката за мирот.

