Меѓународен фолклорен фестивал по трет пат во Куманово

Сподели со своите пријатели

Третиот Меѓународен фолклорен фестивал ќе се оддржи од вторник до четврток пред Центарот за култура во Куманово.

Loading...

Фестивалот ќе има три фестивалски вечери, а ќе настапат вкупно 10 ансамбли од земјава и странство.

Пред кумановската публика ќе се претстават гости од: Мексико, Полска, Србија и Бугарија, како и ансамбли од Скопје, Кратово и Куманово.

„Оваа година имаме квалитетен избор на гости и ќе понудиме разновидна програма за сите вкусови и за сите генерации. Ги повикувам сите граѓани кои го сакаат фолклорот, да најдат време и да побегнат од секојдневните обврски, да дојдат и да уживаат во богатата програма на ансамблите“, изјави Мирче Крстевски, претседател на организациониот одбор на фестивалот.

Фестивалот ќе започне во вторник во 18 часот со дефиле низ градските улици, а свеченото отворање е во 19.30 часот на платото пред Центарот за култура во Куманово.

Фестивалот ќе отворат домаќините, играорците од КУД „Панче Пешев“ од Куманово, а потоа следуваат настапите на: Ансамбл „Слованки“ од Полска, Студио „Блажевски“ од Скопје, Ансамбл „Варна“ од Бугарија, КУД „Иво Лола Рибар“ од Србија и првата вечер ќе ја затвори Фолклорниот ансамбл „Алијанса“ од Мексико.

Во среда на 20 јули, екслкузивен настап ќе имаат учесниците: КУД „Бајрам Шабани“ од Куманово, Ансамбл „Варна“ од Бугарија, Фолклорно студио „Етнос“ од Скопје, Ансамбл „Слованки“ од Полска, Фолклорниот ансамбл „Алијанса“ од Мексико и КУД „Иво Лола Рибар“ од Србија.

Фестивалот ќе го затворат КУД „Гоце Марковски“ од Долно Лисиче, КУД „Ефрем Каранов“ од Кратово, Фолклорниот ансамбл „Алијанса“ од Мексико, КУД „Иво Лола Рибар“ од Србија, Ансамбл „Слованки“ од Полска и Ансамбл „Варна“ од Бугарија.

Loading...

Концертите почнуваат во 19.30 часот.

Фестивалот трета година по ред го организира КУД „Панче Пешев“ од Куманово, со поддршка на Општина Куманово и Министерството за култура. На фестивалот се очекува присуство на министерката за култура, а поканети се и премиерот, претседателот, пратеници и амбасдори на земјите учесници.