Меѓу жртвите од разорниот земјотрес во Турција има и момче со српско потекло, изјавија за Танјуг извори од турските власти.
Loading...
Се наведува дека таткото на момчето е српски државјанин, а неговата мајка е турска државјанка.
Како што беше соопштено за Танјуг, осумгодишното момче било погребано во вторникот во Искендерун.
Според последните податоци, речиси 16.000 луѓе загинаа, а десетици илјади се повредени во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.