Меѓу заглавените бегалци на Табановце владее пневмонија и колапс

Сподели со своите пријатели

Како што инфоримира Регионалниот центар за управување со кризи, во Прифатниот центар Табановце и понатаму престојуваат 831 лице, инаку странски државјани спречени да излезат од Македонија, од кои 614 лица од Авганистан, од Сирија и од Ирак 177 лица, четири лица од Иран, седум лица од Пакистан, седум лица од Мароко и двајца мигранти од Алжир.

Во меѓувреме, како што јавува РЦУК, неколку бегалци биле згрижени во Здравствениот дом Куманово, откако истите се пожалиле на влошена здравствена состојба, со дијагнози како колабирање, пневмонија, ангина пекторис, несвестица и проблеми со крвниот притисок.

Некои од бегалците се згрижени на Интерното и инфективно одделение при Општа Болница, додека остантите се вратени во бегалскиот пункт на Табановце.

Во текот на изминатите 24 часа од страна на ДДД служба при ЦЈЗ Куманово извршена е дезинфекција на 4 вагони – 800 м.кв. како и дезинфекција на просторот и објектите во пунктот за помош на мигранти -Табановце на површина од 3200 м2, јавува РЦУК.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.