Меѓу првите предмети на Јанева се најде и предмет од ОЈО Куманово

Сподели со своите пријатели

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите објави  дека е извршена  анализа на доставените податоци од страна на ЈОРМ и изготвен е план за динамика на барање на предметите.

Loading...

До Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесено е барање за доставување на предметот познат како Пуч, но и барања до ОЈО Битола и  Куманово по поднесена кривична пријава од физичко лице против НН лице – одговорно лице за комуникации во мобилен оператор и против правно лице за кривично дело – Неовластено прислушување и тонско снимање.

По добивање на предметите од обвинителствата, Специјалното обвинителство очекува првите одлуки за надлежноста на ова Обвинителство да бидат донесени во законски предвидените рокови, кои не надминуваат 16 дена од упатеното барање за доставување на предметите. Имено обвинителствата од кои се побарани предметите имаат рок од 8 дена да ги достават истите, а потоа ова Обвинителство во рок од 8 дена треба да донесе одлука за надлежноста.

 Јавно обвинителство од вчера закупи и простории кои ќе ги користи како работни простории се до целосно функционално уредување на просториите каде претходно се наоѓаше Агенцијата за млади и спорт, а во насока на задоволување на безбедносните стандарди за ваков вид на обвинителство.

Новите работни простории можат да се користат и за сослушување на сведоци и осомничени лица, а воедно организацијата и пристапот до истите овозможува и зачувување на идентитетот на лицата кои ќе бидат повикани на разговор во обвинителството, како и лицата кои поседуваат релевантни информации, а инсистираат на зачувување на нивниот идентитет.

Имајќи го предвид фактот дека ова Обвинителство работи со сензибилни информации, сметаме дека ќе наидеме на разбирање од јавноста и медиумите кога одредени информации нема да бидат соопштени. Имено, согласно Законот за кривична постапка предистражната постапка е тајна и сите информации кои би биле од значење за успешно водење на постапката нема да бидат соопштувани.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.