Меѓу помилуваните затвореници се наоѓаат и осуденици од Куманово

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Република Македонија одлучи во пресрет на празникот Илинден да помилува вкупно 45 осуденици. Седум лица ќе добијат целосно укинување на затворската казна, додека останатите ќе добијат намалување на казната.

Loading...

Од нив според објавените списоци, се наоѓаат и неколку лица од Куманово. Меѓу оние кои ќе излезат на слобода се Далибор Ратковиќ и Марјан Спасовски, а освен нив, целосно помилување доби и Абдија Абдуља од с. Слупчане, Општина Липково.

На листата 37 делумно помилувани исто така има неколку кумановци, меѓу кои Хамдија Ќенан чија затворска казна ќе се намали за 5 месеци, додека Дејан Стојановски и Дине Миленковски ќе одлежат 6 месеци помалку.

Ослободувањето на затворениците односно помилување е содржано во Законот за помилување каде се наведува дека осуденици кои извршиле кривични дела за поседување и дистрибуција на дрога, како и дела против полов морал и полова слобода, како и против здравјето на луѓе и човечноста, не може да бидат помилувани.

Во дела кои не може да бидат помилувани се и дела за нарушување на изборен процес или пак лице осудено од Меѓународен кривичен суд.

Помилувањето се доделува кога осуденикот има одлежено повеќе од половина од пропишаната казна, т.е делумного ослободување претставува кратење на вкупната изречена казна за број на денови за што ќе одлучи надлежната комисија.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.