Медведев се заканува со удари врз украинските нуклеарни централи и постројки

Сподели со своите пријатели

Дмитриј Медведев, заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, се закани дека ќе нападне три украински нуклеарни централи (НПП) и нуклеарни постројки во Источна Европа во случај за наводниот обид на украинските вооружени сили да ја нападнат нуклеарната централа Смоленск во Русија со „ракети на НАТО“.

Loading...

– Доколку се потврди обидот за напад врз Смоленск со ракети на НАТО, треба да го разгледаме сценариото за симултан руски напад врз нуклеарните централи Пивденукраинск, Ривне и Хмелницки, како и врз нуклеарни постројки во Источна Европа. Нема причина да се воздржуваме – изјави Медведев на Телеграм.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Романија приведе шест лица под сомнение дека се обиделе да извршат државен удар со помош на Русија

Наводниот обид на украинските вооружени сили да ја нападнат нуклеарната централа во Смоленск со проектили го објави во неделата вечерта каналот „Маш“, но за тоа нема официјални информации.

Според Маш, Украина наводно се обидела да изврши ракетен напад врз нуклеарната централа Десногорск во регионот Смоленск и воениот аеродром во регионот Калуга.

Каналот маш на Телеграм сугерира дека во обидот за напад врз нуклеарната централа биле користени ракети од британско производство „Сторм шедоу“ – како што сведочат остатоците

– Двете ракети беа соборени од руска противвоздушна одбрана на небото над селото Битош, Брјанска област, Русија, околу 14 часот. Првиот паднал на нива, а вториот на пилана, тврди Маш.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавров: Нуклеарната реторика на Макрон е закана за Русија

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.