Целиот систем на НАТО практично отворено се бори против Русија, но имаме доволно сили за да ги исполниме сите задачи од „специјалната воена операција“, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за национална безбедност на Русија Дмитриј Медведев.
По повод годишнината од конфликтот меѓу Грузија и Јужна Осетија, Медведев на Телеграм напиша дека, како што наведе, „како и во август 2008 година, непријателите ќе бидат уништени, а Русија ќе постигне мир по свои услови“.
Русија испрати војници во Јужна Осетија во август 2008 година, откако Грузија се обиде да го врати регионот, кој прогласи независност во 1991 година, и ги потисна грузиските сили.
На 26 август 2008 година, Москва ја призна независноста на Јужна Осетија и Абхазија.
Грузија ги смета Абхазија и Јужна Осетија за свои региони.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.