Медведев: Првата епизода заврши, ќе има и други!

Сподели со своите пријатели

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев во своето обраќање преку официјалниот канал на Телеграм објави коментар на темата за денешниот жесток руски напад врз Украина.

„Првата епизода е завршена. Ќе има и други.“

„И понатаму. Ќе го кажам мојот личен став. Не можам да не го спомнам сега. Украинската држава во нејзината сегашна конфигурација со нацистичкиот политички режим ќе претставува постојана, директна и јасна закана за Русија. Затоа, покрај заштитата на нашиот народ и заштитата на границите на земјата, целта на нашите идни акции, според мене, треба да биде целосно разбивање на политичкиот режим на Украина“, напиша кратко Медевдев.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нов план на Трамп за крај на војната - Русија да ги добие делови од источна Украина што не ги контролира...?

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.