Медведев: ОН треба да ги повикаат САД да платат отштета на многу земји

Сподели со своите пријатели

По усвојувањето на резолуцијата Русија да ѝ плати репарации на Украина, Генералното собрание на Обединетите нации сега треба да ги повика САД да платат репарации на Кореја, Виетнам, Ирак, Југославија и други земји, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев.

Loading...

– Треба да ја усвојат истата препорака за исплата на целосна отштета што САД им ја нанесоа на Кореја, Виетнам, Ирак, Југославија и многу други земји кои настрадаа од Американците и НАТО – напиша синоќа Медведев на својот Телеграм канал, коментирајќи го гласањето во ОН за резолуцијата со која се признава неопходноста од воспоставување механизам Русија да и плаќа воени репарации на Украина.

Во вториот случај тоа „се чини како почеток на агонијата на Обединетите нации како клучна меѓународна институција за помирување“, нагласи тој.

– Крајот ќе биде болен за целата меѓународна заедница – изјави Медведев.

Според него, резолуцијата треба да ги легализира плановите на Западот за користење на замрзнатите средства на Русија.

– Англосаксонците јасно се обидуваат да создадат правна основа за кражба на незаконски заробени руски средства – додаде Медведев.