Медведев: Молдавија повеќе не постои

Сподели со своите пријатели

Дмитриј Медведев, заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, реагираше на одлуката на Молдавија да ги забрани посетите на официјални претставници на руската држава, велејќи дека таква земја „веќе не постои“.

Loading...

„Мистериозно суштество по име Речан (премиерот на Молдавија Дорин Речан) изјави дека ниту претседателот на Русија ниту руските официјални лица нема да можат да влезат во неговата земја – Молдавија.

Како прво, никој не планира да оди таму во моментов. Можеби подоцна. И второ, веќе нема таква земја“, напиша поранешниот руски претседател на Телеграм.

Според него, локалните лидери ја „продале Молдавија на Романија“, па, како што рече, нема смисла да се разговара со нив.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Расте бројот на загинати и исчезнати во поплавите во централна Европа

„Локалните владетели и го продадоа на Романија и со тоа станаа предавници на својата татковина. И нема смисла да разговараме со нив за ништо. Нека се занимава народот со нив. И нека одлучи конечно кои се – Молдавци или Романци“, напиша Медведев, пренесе РТ.

Републичките власти неодамна составија список на функционери од Русија на кои им е забранет влез во Молдавија, но не ги открија имињата.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.