Медитеранот се загрева побрзо од остатокот од планетата

Сподели со своите пријатели

Медитеранот се затоплува побрзо од остатокот на планетата, и освен ако не се стори нешто, околу 500 милиони од нејзините жители се изложени на ризик од суша, недостаток на вода за пиење и недостиг на храна, се вели во најновиот извештај на Медитеранскиот институт за биолошка разновидност и екологија (IMBE) од Франција.

Loading...

Во извештајот се вели дека температурите во медитеранскиот регион се зголемуваат за 20 проценти повеќе од светскиот просек, пренесува „Ел Паис“.

Овој документ предупредува дека во иднина ќе има подолги и посилни топлотни бранови, како и подолги периоди на суша.

Заменик-генералниот секретар на Унијата за енергетика и климатски промени на Медитеранот, Граменос Мастроени, рече дека извештајот може да биде корисен за владините лидери при донесувањето одлуки.

„Ние не сме навикнати да ги вметнуваме климатските промени и природата во нашите политики и планови. Сепак, ако не го сториме тоа, ние ќе бидеме жртви на многу силна динамика што ќе ги смени средствата за интереси врз кои градиме рамнотежа на Медитеранот“, рече Мастроени.

Leave a Reply