Медицинско лице притрчал во помош и сфатил дека тоа е бомбаш од Париз (видео)

Сподели со своите пријатели

Во хаосот по нападите во Париз, во јавноста се уште се шират нови потресни стории за спасување невини човечки животи.

Loading...

36755799_-_21_11_2015_-_france-shooting_nurse-bomber

Таква сторија поврзана со ексползијата во Комптоар Волтер кафе, една од целите на нападите во Париз сподели и медицинското лице Давид кој се нашол во кафето во времето на експлозијата.

arp4334583

Откако забележал лице кое лежело под турнати столици и маси, Давид започнал на лицето кое било во безсознание да му дава вештачко дишење, но откако ја распарал неговата маица, Давид набргу забележал дека на градите на лицето се исповржани бела, црна, црвена и портокалова жица, по што набргу сфатил дека се работи за бомбаш самоубиец.

UNILADs Moment Nurse Discovers He Was Giving Bomber CPR During Paris Attacks image

Според неговата сторија споделена на Ројтерс, Давид всушност се обидел да го спаси Брахим Абделсам, еден од учесниците во серијата напади во Париз кога беа убиени 130 лица. Во Волтер кафето немаше други повредени и загинати, вели Давид, по што, накратко пристигнале и службите на итната медицинска помош.

  • Првин се издигна голем пламен, а потоа и прав. Јас веднаш помислив дека експлодираше централното греење, и почнав да викам ”сопрете го доводот на гас”. Луѓето беа во паника, истрчуваа надвор, а јас останав внатре и после излегов на терасата.

 

Loading...

UNILADs Moment Nurse Discovers He Was Giving Bomber CPR During Paris Attacks image

Не го видов Абдеслам како влегува во кафето. Тој најверојатно седел надвор кога ја детонирал бомбата. На неговите гради, понатаму раскажува Давид имаше руптура од околу 30 сантиметри, и кога му ја распарав маицата видов жици, што не беше нормална глетка.

Тоа што се случило за среќа според полицијата е што бомбата на Абдеслам не експлодирала комплетно.

 

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.