МЕДИЦИНСКО ЧУДО: Научниците го отпечатија првото 3Д срце

Сподели со своите пријатели

Отпечатено е првото 3Д срце во светот, а тоа најавува вистинско медицинско чудо. Техниката можеби еден ден ќе ни овозможи трансплантација на најважниот човечки орган.

Loading...

Група научници тврди дека го направиле првото 3Д отпечатено срце со човечко ткиво и крвни жили, а иако е орган со големина на цреша може да пумпа крв, а уверуваат дека неговото создавање е вистинско медициско чудо.

Се верува дека тоа е првото срце кое е отпечатено со клетки, крвни вени и комори. Иако на срцата ќе им треба повеќе време пред да можат да пумпаат крв, научниците се надеваат дека ќе започнат да ги користат во рок од година дена.

– Луѓето во минатото успеале да испишат 3Д структура на срцето, но не со клетки или крвни жили. Ова е прв пат некој успешно да осмислил и испишал цело срце преполно со клетки, крвни жили, комори и предкомори, рекол авторот на проектот Тал Двир од универзитетот во Тел Авив.

Отпечатеното човеко срце е со големи на заечко и може да се стега како мускул, но не може целосно да го извршува пумпањето. Направено е од клетки кои се размножени од примероци на масно ткиво земено од пациентите. Истражувачите нагласиле дека е голем предизвик да се произведат доволно клетки за да може да се произведе цело човечко срце.

Во теорија, техниката еден ден ќе може да произведе ново срце, користејќи рециклирани клетки од сопственото тело на пациентот, што го намалува ризикот да биде отфрлено.

Loading...

– Можеби за 10 години во најдобрите болници ширум светот ќе постојат печатачи за органи, а тие постапки ќе се спроведуваат рутински, рекол проф Двир.

Тој додал дека е побезбедно да се започне трансплантација на органи кои се помалку важни од срцето, како што се слезина, слепо црево, жолчна ќеса, бубрег, па дури и бели дробови.

Leave a Reply