МЕДИЦИНСКИ ФЕНОМЕН: Индиско бебе „трудно“ со својот близнак

Сподели со своите пријатели

На едно бебе, родено во Индија, лекарите во стомакот откриле друго полуформирано машко тело, кое имало две нозе, една рака, мала глава и мозок.

Лекарите со операција го остраниле „близнакот“ голем седум сантиметри, а новороденото момче по оперативниот зафат е целосно здраво.

Израстокот, маса со необичен изглед во организмот на момчето, ја забележат редиологот за време на рутински преглед. „Паразитскиот близнак“ немал развиен череш, иако кај него постоела мала глава и мозок.

Оваа ретка појава претставува случај на фетус во фетус, ретка конгенитална аномалија кај која неправилно формиран паразитски фетус расте во внатрешноста на човечкиот организам.

И додека овој конкретен случај е идентификуван и веднаш отстранет, „паразитскиот близнак“ може да расте во телото на човекот, а притоа да остане незабележан со децении.

Вакви случаи, меѓутоа, се навистина ретки, па до денес во целиот свет се забележани само 200, пишува „Индепендент“.