Медицински апарат и алат запленети на ГП Табановце (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Медицински апарат и различни видови алати биле запленети од страна на царинарниците на Граничниот премин Табановце, информираат од Царинската управа на Република Северна Македонија.

Loading...

Еден ехо-апарат за проценка на состојба на фетус, марка BIONET FC 700 fetalmonitor, бил откриен при контрола на македонски автобус, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Непријавениот апарат, како што велат од ЦУРСМ, за кој е потребна дозвола за увоз, бил пронајден во картонска кутија сместена во багажниот простор на автобусот. Истиот е привремено задржан, а против сопственикот на апаратот, македонски државјанин кој патувал со автобусот, е поведена соодветна постапка.

Вкупно 428 разни производи (електричен алат, светилки, хидраулични дигалки, детски базени, полначи за мобилни, батерии, облека и друго), 135 метри црево за вода и 140 метри продолжен кабел, биле откриени при контрола на бугарско товарно комбе и приколка за чамец со шведски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Возилото, според Царинската управа, било натоварено со разна употребувана стока и употребуван чамец со опрема, за што биле приложени документи за транзит, но поради сомневање дека декларираната стока не одговара на тежината на стоката во возилото, царинските службеници извршоле детална контрола при што била пронајдена непријавената стока.

Непријавените производи се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Loading...

Leave a Reply