Медицинска сестра вакцинирала скоро 9.000 луѓе со физиолошки раствор

Сподели со своите пријатели

Властите во северна Германија апелираа до илјадници граѓани да примат друга вакцина против ковид-19, откако полициската истрага открила дека медицинска сестра на Црвениот крст можеби им вбризгала физиолошки раствор.

Медицинската сестра е осомничена дека инјектирала луѓе со физиолошки раствор наместо вистинските дози во рана пролет во центарот за вакцинација во Фрисланд, рурална област на брегот на Северното Море, пренесува британскиот весник „Гардијан“.

„Целосно сум шокиран од оваа епизода“, напиша Свен Амброус, локален советник на Фејсбук, додека локалните власти вчера испратија покана до околу 8.600 жители кои можеби биле дел од оваа измама.

Иако физиолошкиот раствор е безопасен, повеќето луѓе кои беа вакцинирани во Германија во март и април, кога се случи ова, се постари и се изложени на висок ризик да заболат од ковид.

Мотивот на медицинската сестра, која не беше именувана, останува нејасен, но таа претходно објавувала скептични ставови за вакцините на социјалните мрежи, изјавија полициските истражители.

Сепак, сѐ уште не е јасно дали осомничената е уапсен или обвинета за овој случај.