Мечка нападна активист во Полска, му нанела бројни повреди

Сподели со своите пријатели

Дива мечка нападна еколошки активист во Полска и му нанела бројни повреди, објавено е на веб-страницата на Шумското стопанство „Лутовиска“.

Loading...

Полицијата потврди дека 56-годишната жртва има неколку исеченици и дека се наоѓа во болница, пишува РИА.

„Шумското стопанство во Лутовишка добило информација за опасен инцидент што се случил во близина на поранешното село Хулскоје. Мечка нападна маж во шума, недалеку од дувлото кое го познававме и контролиравме, нанесувајќи му бројни повреди.

Вториот маж, кој учествувал во инцидентот, не е повреден и повикал помош, благодарение на што жртвата завршила во болница“, се наведува во пораката.

Од Шумската служба посочуваат дека дувлото го открил шумар во јануари 2023 година, па во тој дел од шумата била прекината целата работа, а во октомври била поставена камера за следење.

Според Шумската служба, жртвата е активист на иницијативата „Диви Карпати“, кој им се обратил со барање да се направи заштитна зона околу дувлото на мечката.

„Активистите на иницијативата Диви Карпати знаеја дека процедурата за формирање на заштитна зона е во тек. За жал, тие го нарушија мирот на животно кое се подготвуваше за хибернација, што предизвика драматична ситуација во која беа дел и тие“, се наведува во пораката.