Мажите со големи носови имаат и големи пениси, открива најновото истражување

Сподели со своите пријатели

Ново истражување покажа дека мажите кои имаат поголем нос имаат и подолг пенис.

Loading...

Имено, истражувањето ја разгледало корелацијата помеѓу големината на носот и должината на пенисот кај мажите и се покажало дека има врска, пишува LADBible.

 

 

Студијата открива дека мажите со поголем нос имаат просечна должина на пенисот од околу 13,4 сантиметри, додека оние со помал нос имаат должина на пенисот од околу 10,4 сантиметри.

Студијата, објавена во списанието „Basic and Clinical Andrology“, испитала тела на 126 мажи во рок од три дена по смртта и измерила голем број делови од телото.

Истражувачите од Медицинскиот универзитет во Кјото ги зеле предвид нивната висина, тежина, должина на пенисот кога е опуштен, обемот на пенисот и тежината на тестисите.

Loading...

Тие рекле дека правилниот начин да се реплицира должината на пенисот во ерекција е да се постави трупот и да се повлече пенисот до крај, ова им дава „испружена должина на пенисот“ (СПЛ).

 

 

– Фактот дека големината на носот е поврзана со СПЛ укажува на тоа дека должината на пенисот не може да се одреди според возраста, висината или телесната тежина, туку се утврдува пред раѓањето – велат истражувачите.

Иако постоела корелација помеѓу големината на носот и пенисот, тие не нашле причина зошто може да се јавува тоа.

– Иако нашите резултати се бескорисни за форензички цели, разбирањето на процесот на раст на пенисот или карактеристиките на лицето може да биде многу важно за екстраполација на нивото на андрогени во фетусот и следење на функциите на машките гениталии. Оваа студија е прва што покажа врска помеѓу СПЛ и големината на носот, но причините зошто СПЛ и големината на носот се поврзани се уште не се јасни. Затоа, ова е интересна тема на која треба да се решава понатаму  – заклучиле тие.

 

Loading...

Leave a Reply