Маж пронајден во автомобил во река сосема случајно: Решена мистерија стара 12 години (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Маж од Орегон, кој исчезнал пред 12 години, случајно бил пронајден во автомобил скоро 20 метри под вода.

Loading...

Тимоти Едвард Робинсон (56) исчезнал на 26 ноември 2008 година, а последен пат бил виден како управува со својот сив автомобил Мазда, пренесува Ладибл.

И покрај потрагата, Робинсон не е виден повеќе од една деценија.

Мистеријата беше решена по 12 години сосема случајно, кога тимот од Јутјуб каналот „Adventures With Purpose”“ го извлече неговото возило од реката за време на директен пренос на 26 мај минатата година.

Видеото, кое е споделено на Јутјуб, покажува сив автомобил како се извлекува од реката, а по прегледот на возилото, тие откриле трагично откритие.

 

 

Loading...

– Повикајте полиција, повикајте полиција – се слуша еден од момците од тимот Џеред Лајесек како зборува на снимката.

Кога го извадиле автомобилот од водата, откриле дека во него има тело.

– Телото му припаѓало на Тимоти Едвард Робинсон, кој исчезна пред 12 години – потврди Лајсек.

Откако видеото се прошири на социјалните мрежи, семејството Робинсон му се заблагодари на тимот што им дал некаков заклучок.

Иако шокантното откритие се случило минатата година, видеото повторно почна да се споделува на социјалните мрежи и да ги предизвикува истите реакции како и првиот пат.

 

Leave a Reply