Маж фрлил муниција за сачмарка пред Бакингемската палата

Сподели со своите пријатели

Британската полиција уапси маж кој се приближил до портите на Бакингемската палата и фрлил предмети за кои постои сомневање дека се муниција од сачмарка на земјата што и припаѓала на палатата.

Loading...

„Еден човек е уапсен под сомнение дека поседувал офанзивно оружје“, се вели во вчерашното соопштение на полицијата, додавајќи дека била извршена контролирана експлозија, пренесе Ројтерс.

Во соопштението се додава дека полициски кордони биле поставени откако кај мажот била откриена сомнителна торба.

Шефот на полицијата Џозеф Мекдоналд изјави дека нема пукање и дека нема повредени полицајци или граѓани.

Бакингемската палата соопшти дека ниту кралот ниту неговата сопруга Камила не биле во палатата во моментот на инцидентот, пренесува Танјуг.