„Мастер Хаус“ и градежен инспектор го оштетиле Буџетот на Општина Куманово за над 2 милиони денари

Сподели со своите пријатели

Шеесет и едногодишниот Б.Т. од Куманово, инаку управител на компанијата „Мастер Хаус“ заработи кривични пријави поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба“ и „бесправно градење“, а поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ кривична пријава има против неговата компанија, додека Л.Т. (52) од Куманово-градежен инспектор во општината поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Имено Б.Т. во периодот од 10.04.2014 година од 10.04.2015 година, не извел градежни работи – пристапен пат
на ул. „Перо Чичо“ до стамбено деловен објект – зграда, што било услов да добие одобрение за градење на предметниот објект заради што бил склучен договор со општина Куманово.

Со овој договор дел од трошоците за уредување на градежното земјиште биле наменети од општината во износ од 2.100.000 денари, за кој износ го оштетил Буџетот на општина Куманово. По ова, Б.Т. и правниот субјект во текот на месец август 2015 година, со цел да избегнат кривична одговорност спротивно од одредбите на Законот за јавни патишта и без одобрение за градење започнал со градежни работи на пристапниот пат од ул. „Перо Чичо“ во Куманово и истото било костатирано на записник за кое било издадено решение за запирање.

Л.Т. иако го имала на увид во целокупната документација и новоиздаденото одобрение за градење донела дополнително решение со што дозволила да биде продолжена градбата на останатиот неизграден дел од предметниот објект, допринесувајќи со продавањето на деловниот и стамбениот објект од истиот прво и второ пријавените да се стекнат со противправна имотна корист.