Масовно труење: Земале кокаин измешан со отров, 17 мртви

Сподели со своите пријатели

Најмалку 17 лица загинаа, а 56 се примени во болниците во предградијата на Буенос Аирес по масовно труење со неисчистен кокаин, соопштија властите.

Loading...

Затруените се дистрибуирани во осум болници во градот и околината, потврди претставник на провинциската влада на Буенос Аирес.

„Секој што купил дрога во последните 24 часа мора да ја фрли“, предупреди министерот за полиција на провинцијата Буенос Аирес, Серџо Берни.

Тој додаде дека властите „се обидуваат да ја лоцираат причината за труењето“.

Полицијата извршила акции во работничкото предградие Трес де Фебреро, северозападно од главниот град, во кои фатила десетина луѓе, објави провинцискиот министер, кои излегле на терен.

„Полицијата заплени кокаин во кеси слични на оние опишани од семејствата на жртвите“, додаде Берни.

Во средата навечер дрогата помешана со отровни материи била анализиран во лабораторијата во Плата.

Тревогата беше објавена во средата наутро кога беа пријавени неколку смртни случаи и хоспитализации во три болници во областите Буенос Аирес, Хурлингем, Трес де Фебреро и Сан Мартин поради труење од различен степен.

Loading...

Неколку пациенти во болницата им кажале на лекарите дека заедно консумирале кокаин.

Жртвите, вклучително и повеќе мажи на возраст од триесет и четириесет години, доживеале напади и ненадеен срцев удар, објавија медиумите, повикувајќи се на медицински извештаи.

„Постои важна состојка која го напаѓа централниот мозочен систем“, истакна Берни.

Инспекторите стравуваат дека бројот на жртви може дополнително да се зголеми, бидејќи некои корисници на дрога немале време или можност да побараат стручна помош.

„Кога велиме дека кокаинот е лош, тоа не значи дека е расипан или истечен, туку дека е измешан со отров“, рече Берни.

Судири меѓу полицијата и жителите незадоволни од апсењето на младите во рамките на истрагата избувнаа при апсењето на дилери осомничени за продавање на спорниот кокаин.

Мештаните фрлале со камења кон полицијата.