Масовна тепачка во средно училиште во САД, уапсени 13 ученици

Сподели со своите пријатели

Во средно училиште во Арканзас, САД, дошло до масовна тепачка која резултирала со апсење на 13 ученици, а еден завршил во болница.

Loading...

Сè се случило во средното училиште Hall STEAM Magnet во Литл Рок.

Кога полицијата пристигнала на терен забележала дека се во тек повеќе тепачки, а причинета е и материјална штета.

„Набргу потоа, полицајците уапсија 13: едно апсење за поттикнување бунт и 12 апсења за непристојно однесување. Во овој момент од истрагата, едно лице е пренесено со брза помош во локалната болница поради полесни повреди“, соопшти полицијата на Литл Рок.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како Иран и Израел станаа непријатели? Долгогодишна војна во сенка!

Полицијата не соопшти што ја предизвикало тепачката или колку долго траела пред да успеат да ја стават ситуацијата под контрола.

„Учениците кои ќе учествуваат во тепачката ќе бидат дисциплинирани согласно законот“, се наведува.

Надлежните велат дека истрагата за инцидентот моментално е во тек и повеќе детали ќе бидат објавени кога ќе станат достапни информации.