Масовна тепачка помеѓу бегалците на Табановце

Сподели со своите пријатели

Тепачка во која учествувале 30-50 бегалци во Транзитниот центар Табановце се случила во текот на вчерашниот ден, при што интервенирала полицијата, а причина за тепачката е тоа што поголемиот дел биле во алкохолизирана состојба.

Рано утринава 44 бегалци од  Сирија и Ирак кои биле на граничниот камен доброволно заминале кон Гевгелија. Така сега во Транзитниот центар има вкупно 1.276 бегалци од кои 933 во кампот и тоа: Авганистан – 467, Сирија – 328, Ирак – 120, Иран – 13, Либија – 4 и еден од Пакистан. Околу 237 бегалци се наоѓаат и на гранична линија односно само државјани на , Сирија – 230 и Ирак – 7.