Масовна гробница со стотици тела откриена во Лиман

Сподели со своите пријатели

Уште 200 гробови и масовна гробница се откриени во источниот град Лиман, неодамна ослободен од украинските сили, изјави воениот гувернер на регионот Доњецк.

Loading...

Павло Кириленко објави фотографии на Телеграм во петокот навечер на кои се гледаат екипи во бели заштитни костуми во ограден простор.

„Ексхумациите веќе почнаа“, напиша Кириленко.

Руските војници минатиот викенд го предадоа стратешки важниот град Лиман.

Според првите податоци, во гробниците има украински војници или цивили, се наведува.

Сѐ уште се утврдува точниот број на тела во масовната гробница, меѓу кои има и неколку мали деца, како и цели семејства, соопшти полицијата.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.