Маслото од канабис пристигна во аптеките во Македонија

Сподели со своите пријатели

Маслото од канабис кое може да се добие и без рецепта веќе е достапно во македонските аптеки. Производител е „Реплек фарм“ со одобрение од Агенцијата за лекови на Република Македонија.

Препаратото го подобрува имунолошкиот ситем и психофизичката состојба.

Може да го користат и здрави луѓе, а помага и при лекување и при конвенционална терапија. Маслениот екстракт со 5% компонента од канабис ќе се продава по цена од 2.400 денари, додека оној од 7% по цена од 2.800 денари.

Маслата од канабис со посилно дејство ќе се продаваат строго по рецепта, но откако лекарите ќе ја завршат обуката со цел да се едуцираат на кои пациенти ќе им биде дозволено препишувањето.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.