Маслото од канабис ќе се легализира за употреба и во Македонија

Сподели со своите пријатели
Канабисот за медицински цели ќе биде легален и во Македонија, пренесува порталот Здравство 24, повикувајќи се на информацијата дека Министерството за здравство веќе ја отпочнало постапката за легализација.
Како што пренесува Здравство 24, предлог – законот е веќе изготвен и ќе се најде на владина седница, со тоа што канабисот ќе може да се одгледува во Македонија и тоа само од правни субјекти кои ги исполнуваат строгите критериуми што ги предлагаат здравствените власти.
Субјектот што ќе одгледува канабис за медицински цели, мора во својот тим да вработи агроном и фармацевт што ќе го надгледува процесот на одгледување, да обезбеди 24 – часовен надзор како и посебни услови за местото каде ќе расте канабисот. Тој не смее да се извезува, но за странскиот пазар ќе може да се нуди маслото односно екстрактот од канабис.
Крајниот производ ќе биде строго контролиран и точно ќе се знае кој може да го пропише а кој да го прима маслото, а ќе го користат лица заболени од карцином, ХИВ и други дијагнози кои ќе ги пропишува специјалист од болница и со рецепт за подигнување од аптека.
Проценките на здравствените власти е дека целата постапка треба да заврши до март, пренесува порталот, а веќе во недела се најавува нова јавна дебата на која очекуваат да ги слушнат и мислењата на јавноста.