Маск тврди дека ќе плати највисок данок во историјата на САД

Сподели со своите пријатели

Директорот на Тесла, Илон Маск, објави уште една смела изјава на Твитер, тврдејќи дека оваа година ќе плати повисоки даноци од кој било друг Американец во историјата на САД.

Loading...

Твитот на милијардерот претприемач дојде како дел од неговата расправија со демократската сенаторка Елизабет Ворен од Масачусетс, која со години се залага за данок на богатство, таргет не само на приходите на најбогатите граѓани на САД, туку и на нивните вкупни средства.

„Доколку ги отворивте очите две секунди, ќе сфатите дека оваа година ќе плаќам повисоки даноци од кој било Американец во историјата“, напиша Маск како одговор на реакцијата на Ворен на одлуката на магазинот „Тајм“ да го прогласи Маск за личност на годината.

 

 

Претходно, Ворен на Твитер напиша: „Да го промениме даночниот закон што ги привилегира богатите, така што Личноста на годината всушност ќе плаќа даноци и ќе го отстрани тој товар од сите други“.

Во еден од своите одговори, ексцентричниот милијардер ја нарече политичарката „Сенаторката Карен“, додека терминот „Карен“ во американскиот жаргон се користи како термин за бели жени кои мислат дека заслужуваат посебен третман или имаат право на привилегии.

Loading...

„Ме потсетувате на времето кога бев дете и кога бесната мајка на мојот пријател случајно ги задеваше сите без причина. Ве молам, не го повикувајте директорот поради мене, сенаторке Карен“, напиша Маск.

 

 

Тврдењата на Ворен дека Маск не плаќа многу даноци не се целосно неосновани. Според истрагата на ProPublic објавена во 2018 година, Маск не платил никаков федерален данок на доход таа година и наводно платил помалку од 70.000 долари даноци во 2015 и 2017 година.

Маск, кој моментално не прима плата во готово, доби пакет опции на акции во неговите компании на име на заработка, а најверојатно и должи на федералната влада најмалку 8,3 милијарди долари за 2021 година, според проценките на Форбс.