Маск продаде акции на Тесла во вредност од 3,95 милијарди долари

Сподели со своите пријатели

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, продаде акции во вредност од 3,95 милијарди долари, откако го купи Twitter за 44 милијарди долари.

Loading...

Според соопштението на американската Комисија за хартии од вредност (SEC), Маск продал 19,5 милиони акции на компанијата.

Маск исто така продаде акции на Tesla во вредност од околу 8,5 милијарди долари во април и 6,9 милијарди долари во август оваа година, пренесува N1.

Околу 19,4 милијарди долари од акциите на Tesla се продадени од април, кога Маск се договори со бордот на директори на компанијата да го купи Twitter.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  7 милиони прегледи: Мајкрософт објави снимка со ВИ од Мона Лиза како рапува. Видеото стана хит!