Маск: „Привремено стопирано купувањето на Твитер“

Сподели со своите пријатели

Милијардерот, кој неодамна најави купување на популарната мрежа, сега објави дека ова купување е привремено стопирано.

Loading...

Илон Маск објави дека разговорите за неговото преземање на Twitter Inc. „привремено прекинато, додека се чекаат детали за анализите кои сугерираат дека спам/лажните профили всушност сочинуваат помалку од 5% од корисниците“ на социјалната мрежа.

Во својот твит, Маск укажува на студија објавена од социјалната мрежа претходно во мај, која покажува дека лажните профили или спам профилите претставуваат помалку од 5% од активната корисничка база на оваа страница.

Во меѓувреме, Твитер ги објави своите планови да ги засили напорите за борба против намалувањето на содржината што доаѓа од гореспоменатите сметки.

Претходно Маск истакна дека, доколку се остварат неговите планови за купување, очекувањата на полето на работната етика ќе бидат екстремни, но многу пониски од она што го очекува од себе.