Маск негира дека планира да отпушти работници

Сподели со своите пријатели

Илон Маск денеска го негираше извештајот на Њујорк Тајмс дека планира да отпушти работници на Твитер пред почетокот на следниот месец за да избегне да им ги исплати платите.

Loading...

Одговарајќи на прашање на корисник на Твитер за извештајот, Маск напиша: „Ова е лага“.

Маск ја презеде социјалната платформа што ја купи за 44 милијарди долари (43,7 милијарди евра) минатата недела по неколкумесечни правни пречки.

Откако компанијата ги смени рацете, највисоките директори на компанијата си заминаа, вклучувајќи ги извршниот директор, претседателот и шефот на финансиите.

„Њујорк тајмс“ изминатиот викенд објави дека Маск наредил намалување на работните места на „Твитер“ и дека отпуштањата ќе се случат пред 1 ноември, кога работниците требаше да добијат акции во компанијата како најголем дел од својата плата.

Откако го негираше извештајот на Њујорк Тајмс за отпуштањата, Маск објави на Твитер скриншот од насловот на весникот за тоа и линк до, како што рече, „страница позната по објавување лажни вести“.