Маск го повлече барањето Пентагон да плати за Starlink во Украина

Сподели со своите пријатели

Американскиот милијардер и сопственик на SpaceX, Илон Маск, објави дека компанијата го повлекла барањето до Пентагон да го преземе финансирањето на сателитскиот комуникациски систем Starlink во Украина.

Loading...

„SpaceX веќе го повлече барањето за финансирање“, напиша Маск во објавата на социјалната мрежа Твитер, коментирајќи ја статијата објавена од Politico.

Политико вчера, повикувајќи се на свои извори, објави дека Пентагон ја разгледува можноста за независно финансирање на Starlink во Украина.

Американската телевизија Си-Ен-Ен минатата недела објави дека SpaceX испратил писмо до Министерството за одбрана на САД, во кое ги информира дека ќе престане да плаќа за работата на системот Starlink во Украина и бара од Пентагон да ги преземе дополнителните трошоци за финансирање на работата на систем.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД најавија нова воена помош за Украина во вредност од 500 милиони долари

Набргу потоа, Маск објави дека сепак ќе продолжи да го финансира овој сателитски систем.

Службеникот за комуникации на Пентагон, полковникот Гарон Гарн, вчера изјави за Тас дека Министерството за одбрана на САД е во контакт со SpaceX и дека тие „во моментов ги разработуваат деталите“ за операцијата на Starlink.