МАСАКР ВО МЈАНМАР Над 80 лица загинаа во воздушен напад на армијата

Сподели со своите пријатели

Најмалку 80 луѓе кои присуствувале на прославата на годишнината на главната политичка организација на етничкото малцинство Качин беа убиени во воздушните напади на армијата на Мјанмар, соопштија денеска членови на групата и спасувач, а меѓу жртвите има и пејачи и музичари.

Loading...

Прослава организирана од Организацијата за независност Качин се одржа во неделата вечер во северната држава Качин во Мјанмар, пренесе АП.

Американската агенција не можеше да ги потврди деталите за инцидентот, но про-Качин медиумите објавија видео снимки на кои се гледаат последиците од нападот – уништени дрвени структури.

Портпаролот на Здружението на уметници Качин по телефон изјави за АП дека воените авиони фрлиле четири бомби околу 20 часот, повикувајќи се на членови на групата кои биле таму.

На прославата присуствуваа од 300 до 500 луѓе, а меѓу загинатите се и пејачот и клавијатурист Качини, изјави портпаролот на Здружението, кој не сакаше да биде именуван.

Офицери и војници од Качин, сопственици на рудници за жад и цивили се меѓу жртвите, рече тој.

Убиени се и најмалку 10 воени и деловни ВИП личности од Качин, кои седеле пред бината и готвачи кои работеле зад бината, додаде тој.

Со децении, Мјанмар беше потресен од бунтови на етничките малцинства кои бараат автономија.

Loading...