Несекојдневна драма се случила во зградата на главната полициска перфектура на Париз. Во нападот со ладно оружје загинаа четворица полицајци, додека еден бил ранет. Убиецот, кој исто така работел во полицијата како административен службеник, е убиен.
Постои сомневање дека станува збор за лична пресметка, но сите опции во врска со причините за нападот се отворени. Истрагата е во тек и инспекторите извршиле претрес во станот на убиецот.
Во времето кога заканата од тероризам сè уште владее во Франција, никој не можел да помисли дека може да се случи трагедија на овој начин.
Зградата на полицаијта во Париз, веднаш покрај улицата од Нотр Дам, на истиот плоштад, е вистинска тврдина. Сите што влегуваат во неа, мора да ги поминат детекторите како да се на аеродром. Но, фактот дека напаѓачот бил вработен во оваа институција очигледно му олеснило многу полесно да го поседува ножот.
Околу 13 часот, напаѓач стар околу 45 години, службеник за разузнавање за кој се знае дека има проблеми со слухот, нападнал тројца колеги со кујнски нож во две канцеларии на првиот кат на префектурата. Потоа се искачил на скалите, каде нападнал две жени.
Потоа стигнал во дворот, каде бил застрелан од полицаец со автоматско оружје, кој му пукал во главата.
Сведоците посочуваат дека вработените биле во шок, имало солзи, дека дури и на колена плачел колегата кој го неутрализирал убиецот.
Три мажи и една жена беа убиени. Фактот дека полицаец уби полицаец ќе остане запишан во аналите на француската полиција.
Префектурата е опкружена со безбедносна ограда.