Масакар во Бразил: Нарко дилери убија 14 луѓе во ноќен клуб

Сподели со своите пријатели

Вооружени напаѓачи убиле 14 лица на една „народна игранка“ на североистокот од Бразил, соопштува полицијата која најпрвин навела дека има 18 мртви.

Нападот се случил ноќта помеѓу петок и сабота во градот Форталези.

Локалните медиуми укажуваат дека тоа било „подмирување на сметки“ помеѓу трговците со дрога.

Еден регионален сајт пренесува од полициски извори дека нападот бил дел од „војна“ на ривалски фракции помеѓу трговци со дрога, една локална банка и една поголема од Рио де Женеиро, која настојува да „завладее“ со цел Бразил.

По поноќта три возила пристигнале со тешко вооружени луѓе и почнале да пукаат на уличната игранка која се одржувала во Форталезе.

На почетокот на јануари во пресметка помеѓу бандите убиени се четири лица во предградието на Форалезе.