Мартинијан со „Пола света“ ќе ја освојува балканската сцена (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Пола света“ е насловот на првата песна која кумановецот Мартинијан Кириловски ја сними за „Гранд продукција“.

Loading...

Песната е на српски јазик, но е целосно македонски производ. Музиката и аранжманот се на Иле Спасов, а текстот на Огнен Неделковски.

Песната има и свој видео запис, кој е во режија на Даниел Јовески.

Дваесет и тригодишниот кумановец за Кумановски Муабети вели дека е презадоволен од првичните реакции.

– Позитивни вибрации, пофалби од сите страни, голем број на луѓе кои се пронаоѓаат во самата пенса, но и во спотот. Најважно од се е што песната е „хитична“, која остава трага во ушите веќе по првото слушање. Верувајте нема посреќен човек од мене на светот во овој момент, вели Мартинијан.

Доколку немавте можност да ја слушнете песната, сторете го тоа веднаш!

Leave a Reply