Мартинијан со Карлеуша вечерва на фестивалот „Улаз“

Сподели со своите пријатели

Кумановецот Мартинијан Кириловски вечерва ќе настапи заедно со Јелена Карлеуша на белградскиот фестивал „Улаз“.

Loading...

Кириловски и неговата менторка од шоуто „Ѕвездите на Гранд“ настапот ќе го започнат нешто по 21 часот.

Станува збор за најголемиот фестивал на популарна музика во регионот кој на едно место ќе собере имиња на музичката сцена на три тематски различни бини.

Постителите на отворен простор на белградскиот саем во овој фестивал ќе уживаат од 11ти до 13ти јули и тоа во над 45 концерти.

Карлеуша и Мартинијан ќе настапат на т.н. „Улаз“ бина, каде претходно ќе настапи Тропико бенд, а по нивниот настап концерти ќе имаат и Александра Пријовиќ и Петар Грашо.

Leave a Reply