Мартинијан Кириловски вечерва настапува на „Охрид фест“

Сподели со своите пријатели

Песната „Тело до тело“ ќе биде оружјето со кое вечерва Мартинијан Кириловски ќе се бори за подобар пласман во поп вечерта од реномираниот „Охрид фест“.

Тој ќе настапи под реден број 10, а поддршката на младиот кумановец му е потребна од сите нас. Преносот започнува во 20 часот на Телевизијата „21“.

Инаку новата песна на Мартинијан ќе биде со електронски стил, сличен на британската музика, а како што истакна и самиот се надева на добар пласман и поддршка од своите фанови.