Мартинијан Кириловски со „Тело до тело“ на „Охрид фест 2016“

Сподели со своите пријатели

Еден од моментално најуспешните кумановци, Мартинијан Кириловски ќе настапи на овогодинешното издание на Охрид фест со песната „Тело до тело“ која ќе ја изведе на поп вечерта која ќе се одржи на 24 август, а тој ќе настапи под реден број 10.

Овој пат припремив нешто поинакво. Станува збор за песната „Тело до тело“ која е во некој електронски ритам, наликува на песните во британскиот поп стил и се надевам дека ќе и се допадне на публиката. Текстот е на Огнен Неделковски, музиката на Григор Корпов, а за аранжманот задолжен беше Иле Спасев – вели Мартинијан за Кумановски Муабети.

Инаку ова ќе биде само негово мало загревање за претстојниот настап на големиот штипски фестивал „Пастрамалијада“ каде заедно со Мартија Станојковиќ ќе настапат рамо до рамо со балканските ѕвезди, како што е Здраво Чолиќ и легендарните „Рибља Чорба“.

 

Loading...