Мартинијан Кириловски: „Секои нови настапи со себе носат нови возбудувања“

Сподели со своите пријатели

Млад, талентиран и амбициозен, Мартинијан Кириловски ја зацврстува се повеќе својата позиција на македонското музичко небо со квалитетни нумери, а неговата последна композиција „Далечна“ со која го освои четвртото место на „МакФест“ наскоро ќе добие екранизација, но и срспска верзија. Тоа беше повод да направиме интервју за нашиот успешен кумановец.

 

Loading...

КМ: „Макфест“ ти донесе четврто место оваа година, како си задоволен со својот пласман и на какви реакции наиде по завшрување на финалната вечер?

 

Мартинијан: “Презадоволоен сум од мојот настап на Макфест, односно од интерпретацијата и целокупната кореографија. Се потрудивме да ја донесеме песната како што треба на сцената и да допре до публиката. Наидов на одлични реакции од кои пофални зборови за пеењето за распонот на гласот, бидејќи самата песна е доста висока“.

 

КМ: Требаше да настапиш со композиција насловена како „Далечна“, но во последен момент и беше променет насловот. Зошто?

Мартинијан: “Токму така, требаше да биде „Далечна“, но под иницијатива на авторите истата песна беше променета во „Смрзната во прегратка“, што исто така е одличен наслов за оваа песна“.

 

martinijan kirilovski

 

КМ: Деновиве си доста активен со подготовка на новиот спот, како оди снимањето и кога може да ја очекуваме промоцијата?

Мартинијан: “Пред два дена се заврши целосно снимањето за новиот спот за „Ледени загрљај“ и „Смрзната во прегратка“. Искрено да ви кажам беше доста напорно на овие горештини , односно 14 часа се снимаше, на повеќе места во Скопје. Се очекува некаде за околу две недели да излезе и спот. Искрено се надевам дека ќе успее и дека ќе се допадне на публиката и фановите“.

 

КМ: Дали српската верзија значи дека Мартинијан цели кон кариера надвор од границите на Македонија?

Мартинијан: „Апсолутно така. „ Ледени загрљај “ е српско-хрватска верзија на „Смрзната во прегратка“, која ќе пласира на балканските пазари низ Србија, Хрватска, Бугарија и уште неколку држави низ Балканот. Ова е мојот првенец на српско-хрватски кој искрено се надевам дека ќе успее на Балканот, а понатаму и пошироко . Се надевам“.

 

КМ: Помина една година од промоцијата на твојот прв видео спот. Какви се досегашните импресии, ако се земе во предвид фактот дека беше на домашните топ листи?

Мартинијан: „Песната беше одлично прифатена, односно и самиот видео запис во која самата песна успеа да достигне некој врв на домашните радиа низ цела Македонија“.

 

Loading...

martinijan

 

КМ: Во изминатиот период имавме можност да те гледаме на различни музички натпревари. Какви спомени и искуства носат тие за тебе?

Мартинијан: „Прекрасни спомени, прекрасни искуства. Самите музички натпревари и шоуа со себе носат нови познанства, нови искуства и пред се успех во она што сакаш да го направиш на поле на музиката. Успевам да чекорам скромно на музичкото небо, а се надевам и на поголеми успеси“.

КМ: Каде се чувствуваш најубаво, со оглед на тоа дека често настапуваш низ целата држава?

Мартинијан: „Искрено да ви кажам, секои нови настапи со себе си носат нови возбудувања како и нови искуства. Неможам да одвојам посебни места бидејќи сегде низ Македонија ми е убаво кога настапувам, насмеани и распеани срца и разиграни луѓе. Тоа е она што сакам да го видам на моите настапи“.

 

КМ: На скоро секоја манифестација во градот имаме можност да слушнеме нешто ново од тебе. Тешко ли е да се настапува пред своја публика?

Мартинијан: „Морам  да признам дека пред домашната публика имам најмногу трема. Сепак тоа е нормално нели пред своите да се покажеш во најубаво светло. Воедно и од самата домашна публика очекувам најголема поддршка и поттик да продолжам да го работам тоа што најдобро го знам“.

 

martinijan kirilovski prednovogodisna zabava 2016 plostad

 

КМ: Во какви односи си со останатите пејачи на македонската естрада?

Мартинијан: „Во одлични односи, имаме контакти, комуницираме од време на време, на фестивали низ државава се дружиме и со никој се немам замерено. Тоа ми е најбитно да останеш пријател со секој“.

КМ: Дали може да очекуваме и некоја соработка во иднина со некој твој колега?

Мартинијан: „Па имам во план да, но сега за сега сум ангажиран околу новите песни и спотови“.

 

КМ: Што беше пресудно да започнеш студии на Бизнис и логистика, а не во музичката бранша?

Мартинијан: „Студиите по Бизнис и логистика ги започнав како алтернатива, на кои од септември започнувам со втората година, додека нели на првото место ми е музиката и во тоа сакам искрено да успеам“.

 

Loading...

 

КМ: Знае ли да биде напорна музичката професија за еден млад пејач?

Мартинијан: „Музичката професија со себе носи многу збиднувања, возбудувања и напори. Напорно  е кога се снима спот, песна, емисии, посебно на вакви горештини, носи со себе умор кој бара одмор и полнење батерии, но сепак кога нешто сакаш да работиш не треба да ти претставува ништо пречка“.

КМ: Сите знаеме дека си среќно вљубен. Како реагира твојата девојка на се поголемиот број обожавателки кои ги имаш?

Мартинијан: „Хехе, па сега за сега одлично се справува, не е љубоморна , што нели е многу важно, а и не треба да биде, бидејќи треба да се навикне на ваквото темпо и  обожавателките кои ги има во се поголем број од ден во ден“.

martinijan

 

КМ: Дали имаш во план летен одмор или ти претстои работно лето?

Мартинијан: „Имам закажано доста свирки низ Македонија кои ме очекуваат, а секако планирам и одмор некаде на крај на август да соберам нови сили за нови успеси во мојата кариера а и на останати полиња во животот“.

 

КМ: Која е твојата формула за успех?

Мартинијан: „Мојата формула за успех  е истрајност, искреност, дарежливост, мотивација и љубов спрема тоа што сакаш да постигнеш успех“.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.